Во рамките на проектот ,,Земете ја иднината во ваши раце” финансиран од ЕУ CRM програмата, дел од учениците од Охридската гимназија учествуваа во организирана изложба на фотографии насловена ,,Зелено и сино наспроти црно и сиво”. На изложбата беа прикажани и фотографии од гимназијалците, под менторство на проф. Емилија Трајческа.
Целта на оваа изложба беше преку фотографиите да се забележи естетската важност и убавините на Охридското Езеро, кое уште одамна претставува инспирација за голем број уметници и ги привлекува луѓето, предизвикувајќи ги научниците да ги откријат езерските бескрајни тајни и да се подигне еколошката свест кај најмладите.
Сето ова е многу важно, бидејќи тоа е едно од најубавите подароци што природата ни ги дала и мислиме дека е доволно посебно за да биде светско, а сепак наше, да биде природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО.