На 26.08.2026 во 01:15 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (27) од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, кој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит.
По насока на јавен обвинител, мопедот е одземен и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

















