Вечерва во организација на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ О.К. Охрид и целата структура на ОК ВМРО-ДПМНЕ, во Охрид се одржа трибина под слоганот „ТИ можеш се, не молчи,исправи се побарај помош!“
Пред преполната сала, говорниците претседателката од Унијата на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ Билјана Јоноска,Сања Наковска магистер по клиничка и советодавна психологија, адвокатот Сузана Баткоска и д-р. Горан Маркоски ја потенцира вредноста на женската слобода и повикаа на охрабрување и споделување на личните искуства кај стручни лица!
ЖЕНИ!БИДЕТЕ ХРАБРИ И ИСТРАЈНИ ВО СВОЈАТА БОРБА!
ИСПРАВЕТЕ СЕ, ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ!
Семејното насилство е сериозен и комплексен проблем кој вклучува различни форми на физичко, емотивно, финансиско и сексуално злоставување во рамките на семејството или блискиот круг. Жртвите на семејно насилство можат да бидат деца, партнери, стари лица или други членови на семејството. Насилството во семејството може да има долготрајни и широки последици, вклучувајќи физички повреди, психолошки трауми, социјална изолација и прекин на меѓучовечките односи. Често, жртвите се соочуваат со страв и губење на контрола над своите животи.
Само минатата година се евидентирани околу 723 случаи на сексуално насилство од кои 86% жени. Во Република Македонија постојат 3 центри за упатување на жртви од сексуално насилство (Скопје, Тетово и Куманово).
Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
Причините за семејното насилство се многу и се врзани за социјални, економски и културни фактори. Основните причини за насилство се:
Модел на однесување;
Прекин на комуникација;
Стрес и економски притисоци;
Злоупотреба на алкохол и дрога;
Машка доминација;
Ментални заболувања и психички проблеми;
Изолација и недостаток на поддршка;
Културни и друштвени фактори;
Семејното насилство може да се појави во различни форми и облици, а сите се сериозни и потенцијално опасни.
Постојат повеќе видови на семејно насилство:
Физичко насилство;
Емотивно (психолошко) насилство;
Финансиско насилство;
Сексуално насилство;
Шифрено насилство;
Социо-економско насилство;
Детско насилство;
Сите овие видови насилство се неприфатливи и штетни, и спротивни на основните права и достоинство на личноста. Подигнувањето на свеста и поддржувањето на жртвите се клучни во борбата против семејното насилство.
Семејното насилство има длабоко и широко психолошко влијание на жртвите, оставајќи трајни последици на нивното емоционално и ментално здравје. Некои од психолошките аспекти на семејното насилство вклучуваат:
Траума и посттрауматски стрес;
Ниско самопочитување и губење на самодовербата;
Анксиозност и депресија;
Изолација/социјална изолација;
Проблеми во меѓучовечките односи;
Психосоматски проблеми;
Самоизолација и зависност;
Третманот на лица кои се жртви на семејно насилство вклучува различни аспекти со цел обезбедување на безбедност, физичко и емотивно опоравување, и подготовка за здрав и безбеден живот. Процесот на опоравување од психолошките последици на семејното насилство бара терапија, поддршка од блиските и активен пристап кон обнова на здравите психолошки навици.
ЖЕНИ!БИДЕТЕ ХРАБРИ И ИСТРАЈНИ ВО СВОЈАТА БОРБА!
ИСПРАВЕТЕ СЕ, ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ!