Наш изборНаш ИзборОхрид

Соопштение за чествувањата за празникот Воведение

Со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска, по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, коешто ќе започне во недела, на 3 декември, во 21 часот.

На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.
Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија. Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение. Отец Антипа ќе пристигне во Свештената Пречистанска Обител во текот на утрешниот ден и во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј.

Прегратките на Пречистата Богомајка се ширум отворени за сите вас!

 

Бигорски манастир