АктуелноОхрид

Божиновски: На 35 тата седница на Совет ги усвоивме и Извештаите за реализација на активностите во образованието и детската заштита

На 35. седница на Советот на Општина Охрид ги усвоивме и Извештаите за реализација на активностите во образованието и детската заштита за периодот од 1.7.2023 до 30.9.2023 г.
📌Средно образование👇🏻
✅ОСУ „Св. Климент Охридски“​
– Завршено е поставувањето нова ограда на училиштето.
– Партерно и хортикултурно уредување на дворното место.
✅СОСУ „Св. Кирил и Методиј“​
– Реконструкција на подовите во училиштето.
– Во финална фаза градежни работи на фасадата, внатрешните ѕидови, електрична инсталација.
✅Наградени 22 ученици од средно образование кои освоиле едно од првите три места на државни и меѓународни натпревари.
✅Избрани 2 првенци на генерацијата.
✅Исплатени стипендии по склучени договори за стипендии со вкупно 112 ученици.
📌Основно образование👇🏻
✅ООУ ,,Живко Чинго“ – Велгошти
– Уредување на влезот (реконструкција на скалите).
✅ООУ „Братство единство“ – Крст Џамија
– Реконструкција на тоалети.
✅ООУ ,,Ванчо Николески“ – Лескоец
– Изградба на училница за учениците од прво до петто одделение.
✅ПОУ ,,Св. Наум Охридски“ – Трпејца
– Реконструкција на таванот.
✅Наградени 43 ученици од основните училишта кои освоиле едно од првите три места на државни и меѓународни натпревари.
✅Избрани 7 првенци на генерацијата.
✅Проект ,,Нашите првачиња” со кој секое запишано прваче добива на сметка на својот родител/старател по 3000 денари еднократен надомест.
📌Детска заштита👇🏻
✅Детска градинка, објект Централна​
– Набавен и монтиран аспиратор за кујната.
– Промена на електричната инсталација.
✔️Посветено работиме за подобрување на условите во училиштата и градинките и максимална поддршка за учениците и најмладите.

извор: ФБ Перчо Божиновски