АктуелноОхрид

Се одржа 10тата седница на Советот за Развој на Југозападниот плански регион

Денеска се одржа 10тата седница на Советот за Развој на Југозападниот плански регион.
На работната средба се усвои Записникот од претходната Седница на Советот, а се разгледуваа и Предлог -Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година.
Стана збор и за информацијата во врска со реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2022-2023, информација во врска со поптишаните договори за реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2023-2024.
На Седницата се одржа и презентација на предлог концептите за регионални проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2024-2025 година.
На 10-та Седница на Советот на Југозападниот плански регион сите точки од дневниот ред се усвоија едногласно од присутните членови, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид