За разлика од бугарските туристи, кои ја избегнуваат Македонија, сепак Македонците не се откажуваат од зимување во Бугарија. Банско, Боровец и Пампорово, кои и понатаму се на листата на најпосакувани зимски туристички дестинации за Македонците. Ова за весникот ВЕЧЕР го потврдија и од туристичките агенции од каде што велат дека сè уште има голем интерес за зимување во Бугарија, а цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период и се движат од 700 па до 10.000 евра, објави vecer.press.
-И годинава има интерес за зимување во бугарските туристички центри, Банско, Боровец и Пампорово. Цените во зависност од категоризацијата на хотелот се движат од 700 евра во хотел со три ѕвездички, до 10.000 евра в делукс апартмани со две соби. Во просек цените за хотел со три ѕвездички за седум ноќавања, на база на полупансион, се движат од 1.000 евра па нагоре, велат за весникот ВЕЧЕР од една скопска туристичка агенција.
Оттаму додаваат дека за разлика од минатите години, годинава интересот е послаб, но не знаат дали тоа се должи на актуелната политичката ситуација или на инфлацијата и зголемените цени.
– Зимските туристички центри во Бугарија го држат приматот на топ-дестинации во кои македонските граѓани сакаат да одат на зимување. Причините секако се добрите цени за квалитетот на сместување, близината и добри патеки за скијање. Исто така, актуелни се и зимските туристички центри во Србија, Копаоник и Златибор, но таму цените се повисоки и нема сместување под 1.000 евра за седум дена, велат од агенциите.
Но за разлика од бугарските туристи кои се откажаа од летување во Охрид, македонските не се откажуваат од зимување во Банско, Боровец, Пампорово…
Текстот во целост на: vecer.press