Денес, со почеток од 12:00 часот во зградата на Мултикултурниот Центар се одржа Јавна презентација на новиот Генерален Урбанистички План – Разработка на Блок 1, КО Вевчани, Општина Вевчани.
Сите забелешки, предлози и мислења можат да се достават во писмена форма на веќе објавените анкетни листови на ВЕБ страната на општината, во просториите на Општина Вевчани заклучно со 11.12.2023 година (Понеделник), информира градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочовски.