Во Охрид, на 18 ноември околу 14.00 часот полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле Д.М. (51) од Струмица.
Како што информираа од МВР, тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.