среда, ноември 27, 2024
Охрид

Реакција од СДСМ на соопштението на ВМРО ДПМНЕ

 Во врска со соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид во кое на низок, дрзок и срамен начин се врши обид за дискредитирање на личности, лажење и дефукусирање на јавноста, ОО СДСМ Охрид ја испраќа следната реакција:
Пецаков и ДПМНЕ наместо да се занимаваат со закани, дискредитирање на личности, лаги и манипулации, нека одговорат на прашањата :
Каде патувале ? Која била егзотичната дестинацијa? Со когo ? И кој го платил крстарењето на Пецаков и членови од неговиот кабинет ?
Може да се закануваат, може да лажат бидејќи тоа им е во нивната суштина, но должни се на охриѓани да им одговорат
ОО СДСМ Охрид