На 15.11.2023 во 22.35 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа лице на (59) години од Охрид и лице на (28) години од Струга затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.