АктуелноВидеаВидеоМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Албанија се гради – Охрид останува инфраструктурна „дупка“ во редионот

Инфраструктурата во Поградец - Албанија се гради со темпо кое е незамисливо за македонската странаИнфраструктурата во Поградец - Албанија се гради со темпо кое е незамисливо за македонската страна

Како Охрид стигна до ова „дереџе“, да има нај лоша и едвај проодна инфраструктура која води до градот ?  Како и зошто „мистериозните екологисти“во 2016 година успејаа да спречат градба на експресен пат кон Свети Наум и како јавноста ја убедија дека оваа иницијатива на владата која тогаш ја водеше ВМРО ДПМНЕ, е „штетна за природата“ ? ! Или накратко кажано, како дојдовме до ситуација Поградец и Струга да се подобро поврзани со регионот и  светот од Охрид ? !

Денес од Охрид до Свети Наум се вози по пат кој е граден во педестите години од минатиот век, на некои места, на некои места ( до Пештани ) обновен е асфалтот, но на некои места и денес се вози по асфлат ставен пред 70 години. Патот кој има меѓународен каратер бидејќи поврзува ве држави целиот е „дупка до дупка“, а секоја иницијатива или изговарање збор во јавноста дека во 2023 година на Охрид му е неопходна брза магистрала кон Свети Наум, во јавноста наидува на осуда од поедини „мистериозни Фејсбук еколошки иницијативи“ ( кои 10 години официјално никаде не се реистрирани, не одговараат за ништо и не постојат во правниот поредок на земјава ).

Патот кој води од Кичево до Охрид, а со тоа и од Аеродромот до Охрид е приказна за себе. Тој ифицијално е во градба веќе 10 години, цело време се даваат нови рокови, кои се одолговлекуваат до недоглед, а народот одамна се шегува дека патот за Кичево ќе се догради тогаш кога ќе пристигнат летачките автомобили кои нема да се движат по асфалт. За сомнежите за тешка корупција, перење пари нема потреба да се пишува, тоа се зборува на секаде со години.

АЛБАНИЈА ГРАДИ ПАТИШТА, ТУРИСТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА, ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПРАВИ МИЛИОНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Ако се помине границата кај Свети Наум, веднаш се наидува на друга глетка, или како да влегувате во друг свет. Нов асфалт, ископана е планината за да се прошири патот , покрај коловозот се градат велосипедски патеки ( бидејќи илјадници туристи влегуваат и излегуваат на овој премин со велосипеди ) или едноставно, од дкако ќе извозите низ од капинки , трње и гранки  обрастениот пат кој води до Свети Наум во Македонија, и ќе ја поминете границата ќе влезите во друг простор каде во воздухот се чувствува енергија на градење и просперитет.

И додека во Албанија се поставуваат столбови за платформи во езерото, се копа Галичица за да прошири патот, во Македонија и натаму „мистериозните екологисти“ поддржани од „високо професионалните“ портали и не способната Власт во Скопје го држат Охрид заробен во своевиден казамат на раскопани и од трње обрастени патишта, дупки и безизлезност.

Вака изгледа патот кој води до Свети Наум

https://www.youtube.com/watch?v=FDksuw_xeSo