вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Вонредна метео прогноза, Балканот и Македонија пред екстремно топол Африкански бран

Територијата на целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија се пред екстремно топол Африкански бран, и истиот во текот на следната седмица ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, но и екстремно висок Ув индекс ( коефициент помеѓу 9 и 10), пишува во својата метео информација  метео прогнозерот Славчо Попоски.

Следената седмица ќе не зафати сушен период и екстремно топло време, а времето ќе биде претежно сончлево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно ќе бидат невообичаено високи.

На многу места температурите во текот на следната седмица ќе се искачуваат над 30 – 35 степени, локално и до 40 предели.

Кај нас во Македонија во најтоплите централни и југоисточни предели во текот на следната седмица температурите ќе се искачат дури и до 43, 44 степени.  Во Скопје со овој топлотен бран температурата ќе се искачи до околу 40 степени, додава Поповски.

Во соседна Грција пак температурите локално се очекуваат да се искачат дури ми и до па и над 45 степени. НАПОМЕНА: Споменатите температури ќе се мерат под сенка, додека на сонце истите ќе бидат многу повисоки.Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, како и да пијат повеќе течности.Следната седмица ќе се рушат рекорди поради очекуваните екстремно високи температури, особено во соседна Грција.

 

Извор Метео Аларм