АктуелноОхрид

Пецаков: Се реконструира повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј

Активностите за реконструкција и изградба на детски и повеќенаменски игралишта продолжуваат. Во тек е реконструкција на повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј.
Екипи на ЈП „Градски гробишта“ периодов вршат партерно уредување со бехатон плочки и поставуваат рабници, додека екипи на ЈП „Градски пазар“ се задолжени за монтажата на детските реквизити.
Средствата за реализација на овој проект во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков