АктуелноОхрид

Пронајден починат маж, познат неговиот идентитет – беше пријавен за исчезнат

На 13.06. 2023 година во 10.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во населба Бичинци во водите на Зајашка Река, забележано е машко тело без знаци на живот. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за 77 годишен маж  од Кичево кој, на 12.06.2023 бил пријавен за исчезнат. Медицинска екипа утврди смрт без траги на насилство.

извор: СВР Охрид