понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Од денес започнува Апостолскиот (Петровденски) пост

Востановувањето на Петровденскиот пост – порано го нарекувале пост на Педесетницата – се протега до првите времиња на Православната Црква. Особено се утврдил, кога во Константинопол и Рим, од светиот рамноапостолен Константин Велики (+ 337 г., се празнува на 21 мај / 3 јуни), биле подигнати храмови во чест на св. Првоврховни апостоли Петар и Павле. Осветувањето на константинополскиот храм било извршено на денот на споменот на апостолите (29 јуну / 12 јули н.ст), и од тогаш, тој ден почнал особено торжествено да се празнува и на Исток и на Запад. Тоа е денот на завршувањето на постот. Границата на неговиот почеток е подвижна: таа зависи од денот на празнувањето на Велигден; затоа и времетраењето на постот е варира од 6 недели до 8 дена.
Зошто токму Петровденски? Зошто Апостолски е јасно: апостолите постојано се подготвувале за службата со пост и молитва (се сеќавате, како на прашањето на учениците, зошто не можат да изгонуваат бесови, Господ им објаснил дека овој род се изгонува само со пост и молитва (Види Марко 9, 29)), затоа и Црквата нè повикува кон овој летен пост по примерот на оние, кои примајќи Го Светиот Дух на денот на Света Троица (Педесетница), „во труд и подвизи, често во бденија, во глад и жед, често во пост“ се проповед на Евангелието по целиот свет. Да се именува постот „петропавловски“ – е премногу долго; а бидејќи, спомнувајќи ги апостолите, Петар го спомнуваме прв, и името на постот станало „Петровденски“.
Светите апостоли биле толку различни: Петар, постариот брат на Андреј Првоповикан, бил прост, необразован, сиромав рибар; Павле – син на богати и познати родители, римски граѓанин, ученик на познатиот јудејски учител по Законот Гамалиил, „книжник и фарисеј“. Петар – верен ученик Христов уште од самиот почеток, сведок на сите настани на неговиот живот од моментот на излегувањето на проповед. Павле – најголем непријател Христов, кој ја распалувал во себе омразата кон христијаните и испросил од синедрионот дозвола да ги гони христијаните насекаде и да ги приведува во Ерусалим врзани. Петар, маловерен, кој трипати се одрекол од Христа, но скрушено се покајал и станал начало на Православието, основа на Црквата. И Павле, јаросен противник на правдата Божја, а потоа, исто толку пламенит верник.
Вдахновен прост човек и ненадминлив оратор, Петар и Павле ги олицетворуваат духовната цврстина и разумот – двата најнеопходни мисионерски квалитети. Зашто што, ако не призив кон мисионерство треба да стане доаѓањето на Петровскиот, т. е. Апостолскиот пост за нас? Господ ги испратил апостолите во светот за да ги научат сите народи: „И така, одете и научете ги сите народи… учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал“ (Мт. 28, 19-20). „Ако не сакаш да учиш и да се вразумуваш себеси во христијанството, ти не си ученик и следбеник на Христа – не беа за тебе испратени апостолите – ти не си она, што биле сите христијани во почетокот на христијанството…“ (Митр. Московский Филарет. Слова и речи: в 5 тт. Т. 4. – М., 1882. Сс. 151-152).