Охрид е почна летната сезона солидно исполнет пред се со странски гости. Низ градот се гледаат групи странци кои доаѓаат во Охрид индивидуално или како дел од кружни тури. Домашните гости традиционално доаѓаат од почетокот на јули, па би требало и оваа како и секоја претходна година да е така.
Нормално е и оваа година, на стартот на сезоната да почнат и кампањите против Охрид од медиумите во Скопје, па почна пласирањето лажни вести дека во езерото имало ајкули и на сите ни е јасно дека неколку газди и директори на медиуми до Скопје летово ќе одат гратис на годишен одмор и дека уредниците кои ја објавиле таа „вест“ знаат дека ја лажат јавноста и дека НЕМА АЈКУЛИ во Охрид. Но , убаво да си поминат на летувањето кое им го дале.
Но годинава тоа е надградено и проширено и со активности на Владата која одлучи да го затвори влезот во Охрид и сообраќајот да го пренасочи преку стариот пат Охрид – Струга, па сега од аеродромот до хотелите се вози 2 часа, а на пример од Полска до Охрид туристите летаат исто така 2 часа. И сето тоа на почетокот од сезоната со ветување дека патот ќе се градел 45 дена, во што никој не верува бидејќи сите знаат дека тоа што се рекло дека ќе се гради 45 дена ќе се гради минимум 450 дена, па во Охрид сите се прашуваме дали во Владата се толку глупави ова да го прават, или некој има интерес ова да го рпави ?
Тука вреди да се спомене и веста за мечката кај ридот Горица, која за разлика од ајкулите е реална и постои , но за неа дознавме од како преплашила две деца кои возеле точак на овој простор избегале во една од државните вили, а од каде ги побарале своите родители да дојдат по нив.
Полицијата која ги повикала родителите ги известила дека меката тука се шета десетина дена, па не е јасно што се чека да се отсрела или успие животното ? Можеби треба да изеде некој граѓанин или турист па „мечките“ од институциите да се разбудат од зимски сон и да превземат нешто ? !
И на крај да се запрашаме , што прави нашиот приватен туристички сектор да ги амортизира овие специјални медиумски бизнис „војни“ насочени кон охридскиот туристички бизнис ? Одговорот е едноставен: НИШТО ! А не прават ништо бидејќи најголемиот дел од менаџментите и газдите на охридските туристички бизниси немаат сватено, не се свесни и воопшто не разбираат што им се случува и после 20 години вакви „бомбардирања“ и последици од оваа специјална војна која ја финансираат неколку туристички агенции од Скопје.
Што се однесува до Локалната, таа треба да се расправа со Владата за патот и со државните институции за мечката, бидејќи тоа ја тангира Локаланта власт, а бизнис војните во медиумите меѓу скопските и охридските туристички бизниси да им ги остави да ги водат нашите локални туристички бизнисмени бидејќи тоа е нивна работа.
Љ.Т.