Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца ги известува сите заинтересирани пензионери дека согласно статутот, програмата за работа 2023 година и одлуката на извршниот одбор , комисијата за спорт ќе организира и спроведе Општински пензионерски спортски натпревари за избор на членови- спортисти за состав на спортската екипа кои ќе се одржат на ден 26.05.2023 (петок) во 9 часот во Домот на пензионерите Охрид каде комисијата за спорт ќе ги запознае сите присутни пензионери за спортските дисциплини, судиите и правилата согласно Правилникот за спорт на СЗПМ.
Во домот на пензионерите Охрид ќе се одржат спортските дисциплини во гаѓање со воздушна пушка на 10 метри, пикадо, шах, табла и домино за жени и мажи, а на спортските дисциплини во атлетика и тоа во трчање на 60 метри за жени до 60 години и над 60 години и на 80 метри за мажи до 60 години и над 60 години, скок од место само за мажи, фрлање ѓуле за жени и мажи, тргање на јаже само за мажи, слободно шутирање на мал гол на 10 метри за жени и мажи и слободно шутирање на кош за жени и мажи.
Спортските натрпевари по сите дисциплини ќе започнат во 10 часот.
Пријавување за учество во сите дисциплини е на 26 мај кај судиите на самото место пред одржување на спортската дисциплина.
На општинските спортски натпревари ќе се изберат само најдобрите спортисти во сите дисциплини кои ќе бидат во составот на спортската екипа на ЗП Охрид и Дебарца и кој ќе учествуваат на 27 регионални спортски натпревари од 4 региони кои ќе се одржат во Македонски брод на 17.06.2023 година.
ЗП Охрид и Дебарца- Комисија за спорт