АктуелноОхрид

Владата го предлага Охрид за домаќин на мировен состанок меѓу Ерменија, Азербејџан и Грузија

По успешниот состанок во Охрид меѓу Белград и Приштина, македонската влада предложи да се состанат Ерменија, Азербејџан и Грузија исто така во Охрид за постигнување договор за траен мир во регионот Нагорно Карабах.

– Ќе биде испратен и нон- пејпер документ до Европската унија, во меѓувреме од страна на американската администрација веќе е добиено позитивно мислење, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

За одржувањето на средбата биле понудени три датуми до овие земји рече Османи, дополнувајќи дека како претседавач со ОБСЕ македонската влада планира Охрид да прерасне во центар на помирување на Европската организација за безбедност и соработка.

извор: mrt.com.mk