АктуелноОхрид

2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени од Лозница за женските дебитанти на МТТФ

Викендов што помина Македнската Традиционална Таеквондо Федерација, настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „С.И.Т.А. ОПЕН 2023“ во Лозница, Србија, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, и Македонија.


Под водство на претседателот на МТТФ ,Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, за МТТФ настапија 5 дебитанти девојчиња,од 3 различни клубови, кои учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.
Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“Лескоец- Охрид, беше претставуван од 3 натпреварувачки кои освоија
Анастасија Чулческа 1 место (злато) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3место (бронза) борби -55 кг. женски кадети 12-13 години
Теодора Тодорска 2 место (сребро) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3место (бронза) борби -60 кг. женски кадети 12-13 години
Анастасија Трифуноска 2 место (сребро) борби -40 кг. женски кадети 10-11 години

За Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид настапи
Теодора Митреска 1 место (злато) форми зелен појас, јуниорки 14-15 години 2 место (сребро) борби -65 кг. јуниорки 14-15 години
За Таеквон-до клубот „ЧОНЏИ“Косел – Охрид настапи
Мила Јосифоска, која за жал во спаринг борби четвртфинале, во борбата за медал беше оштетена од страна на судиите/

Со оглед на големината и квалитетот на учесниците на овај натпревар , презадоволни сме од нашите натпреварувачки кои покажаа извонредна храброст и пожртвуваност, а со тоа имаат мотив да тренираат и уште понапорно, за да постигнеме подобри резултати. Поради припремите за наредното Европско Првенство кое ќе се одржи овај месец од 17-24 април 2023 , во Језоло, Италија, на овај натпревар отидовме со мал број натпреварувачи и се одлучивме да одиме само со девојчиња, кои се покажаа најдобро на државното првенство, а кои се во вториот состав, добија можност да се покажат на борилиштата, изјавува претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски, кој истотака користи прилика да се заблагодари на нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај натпревар, а истотака е презадоволен од освоените медали , со што дебитантите покажаа дека имаме нови надежни генерации на врвни спортисти