АктуелноОхрид

Литературно -ликовен конкурс на тема „Христос Воскресе- радост донесе“ во рамки на Соборниот Храм Св.Никола Враништа

Во пресрет на најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, Соборниот Храм Св.Никола од с.Враништа разпишува литературни-ликовен конкурс, каде право на учество имаат сите деца кои сакаат да насликаат или напишат литературна творба.
-Драги дечиња Црковното Настојателство при Соборниот Храм Св Никола с.Враништа во чест на Празникот над Празниците Велигден и оваа година распишува литературно-ликовен конкурс,со тоа што оваа година за прв пат ќе има и ,,нај убаво декорирано велигденско јајце”.
Конкурсот започнува од ден
03.04.2023 година Недела ќе трае до 13.04.2023 година Велики Четврток. Сите заинтересирани дечиња можат да учествуваат на истиот со своја литературна или ликовна творба на тема Христос Воскресе, радост донесе!
Вашата литературна творба или ликовен цртеж и декорирано јајце на погоре изнесената тема можете да ги донесете во Храмот Св.Никола до наведениот датум. Литературните творби ќе бидат прочитани пред присутните празникољупци после завршувањето на богослужбта на празникот Велигден,додека со ликовните цртежи ќе има соодветно поставена изложба со цел да ги видиме вашите креации. Да ви напоменам дека на истиот може да учествуваат сите дечиња заклучно со 9-то одделение( значи конкурсот нее наменет само за оние дечиња кои што доаѓаат редовно во црква) туку се распишува општо за сите деца. Ве молам под вашата творба да напишете шифра да нема име и презиме за да нема никакви сомнежи околу прогласување на победничките творби. За најдобрите три литературни и три ликовни творби и трите нај убаво декорирани јајца ќе има соодветни награди. Со самото тоа ќе го збогатите нашето заедничко велигденско чествување. За било што нејасно може да ви се објасни на некоја од наредните богослужби.Се надевам на ваше масовно учество.
Со Божји Благослов отец Ристе Наумоски.