четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Во Историскиот архив ја има последната и за Охрид презначајна книга од Гоце Жура „Охрид – градот на светоста“, во која се мапирани 20 ранохристијански базилики и преку 40 средновековни цркви

Отсега и во Историскиот архив во Охрид ќе ја има последната и за Охрид презначајна книга од Гоце Жура „Охрид – градот на светоста“, во која се мапирани 20 ранохристијански базилики и преку 40 средновековни цркви (некои досега непознати за науката), лоцирани во стариот дел на Охрид – Варош. А со неа, и еден примерок од документираните медиумски излагања на татко ми низ текот на годините, во однос на неговите истражувања и откритија. Му благодарам на почитуваниот Никола Митровиќ Бабе за гостопримството и за прекрасниот муабет, напиша на својот ФБ профил Гордана Жура, ќерка на историчарот и деец Гоце Ангеличин Жура.

извор: Gordana Angeličin Žura