четврток, ноември 28, 2024
МагазинНаш ИзборНаш избор

За хуманитарни цели: Во продажба е накитот направен од гитарските жици на „Ајрон мејден“

Гитарските жици на британскиот хеви-метал бенд „Ајрон мејден“ се претворени во накит за да се соберат пари за добротворни цели за деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во објава на Инстаграм, бендот соопшти дека се здружил со „Guitarwrist“ за да се намали количеството метални жици што завршуваат во депонија, притоа собирајќи пари за „Heavy Metal Truants“, фондацијата за собирање средства што ги донира нивните пари на четири детски добротворни организации.

Голем број нараквици, ѓердани, прстени и обетки се меѓу накитот составен од гитарските и бас-жиците на „Ајрон мејден“. Во колекцијата се наоѓаат 10 предмети со цени кои се движат од 90 до 199 фунти (111 – 246 долари).

„Ајрон мејден“, еден од најпопуларните хеви-метал бендови на сите времиња, продаде над 100 милиони плочи. Бендот има настапувано на речиси 3.500 концерти во 64 земји.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).