АктуелноОхрид

(ФОТО) Потпишана Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалните полициски асоцијации од регион Охрид – Македонија и регион Егнатија – Албанија

Викендов во Охрид, беше потпишана Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид – Македонија и Интернационалната полициска асоцијација, регион Егнатија – Република Албанија. Повелбата ја потпишаа претседателите на двата ИПА региони, м-р Стефан Димоски и Генц Постоли.

На свеченоста, во поздравното обраќање, Перчо Божиновски, како претставник од Локалната самоуправа истакна дека, „повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност, заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна професионална ИПА полициска соработка“. Божиновски, искажувајќи ја подрдршката што ИПА Охрид ја има од градоначалникот Пецаков и од локалната самоуправа, рече дека, потпишувањето на повелбата е „одлука за поинтензивна и поуспешна работа и чекор плус кон подигнувањето на степенот на безбедноста во нашите средини“.

Претседателот на ИПА регион Охрид, м-р Стефан Димоски, во своето обраќање рече дека ИПА Охрид, ја цени и почитува покажаната поддршка од Општина Охрид и градоначалникот Пецаков и дека тоа е уште еден мотив повеќе, ИПА Охрид посветено да работи во интерес на сите полициски службеници – ИПА членови, но и на граѓаните на градот Охрид.

 

извор: ИПА