И по една година, нема решение за детското одделение во Охридската болница, кое поради недостиг на педијатри, работи само како амбуланта во две смени од 8 до 20 часот. Болните деца, во ноќните часови, за викендите и празниците за преглед и хоспиталзиација се носат во детското одделние во болницата во Струга, каде дневно има и над 100 пациенти. Петте педијатри се жалат на неиздржливо темпо, објави Телма.
„Поголем дел се од Охрид, отколку од Струга. Доаѓаат пациенти и од Ресен и од Дебар. Точно дека сме оптоварени, но пациентче не смее да се врати. Мора да се прими и да пружиме помош. Зголемен обем имаме, пет сме, држиме цело детско одделение и неонатолошкиот оддел“, вели Влатко Мицкоски, педијатар од Општата болница Струга.
Од Министерството за здравство велат дека во болницта во Охрид се бара начин за надминување на предизвикот со педијатри во рамките на законските можности.
Текстот во целост на: Телма.