АктуелноОхрид

Црвен крст Охрид во организација на „Радосен декември“

РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ го нарекуваме овој месец на дарување во кој со бројни и креативни хуманитарни активности се обидуваме да ги поттикнеме нашите сограѓани да бидат хумани, да подаруваат и помагаат на ранливите категории на граѓани.

Во новата хуманитарната акција на Црвен крст Охрид во соработка со MI&DA Mobile Service Center од Охрид ви овозможуваме да ги израдувате лицата од социјален ризик, подарувајќи им мобилен телефон што не го користите.

Доколку имате вишок или неисправен мобилен телефон донесете го во салонот на  MI&DA Mobile Service Center на ул. Питу Гули 130 (кај ОУ Христо Узунов) или во просториите на Црвен крст Охрид, (спроти Гимназија). Сервисерите на MI&DA Mobile ќе се погрижат да го отстранат дефектот, а волонтерите на Црвен крст Охрид ќе го подготват подарокот-исправниот мобилен телефон и достават на лица од социјално загрозени семејства кои  имаат потреба од истиот.

Неисправните мобилни телефони кои нема да можат да се поправат, ќе бидат отстранети како електронски отпад согласно прописите.

 

Бидете хумани и дарувајте!

 

Црвен крст Охрид