АктуелноИНТЕРВЈУИнтервјуаНаш ИзборНаш изборОхрид

Охридскиот рокер кој полека го освојува светот, Александар во интервју за Охрид1: Го живеам сонот за кој мечтаев!

Откако излезе пред очите на пошироката музичка јавност преку настапите се до финаленто на Гранд ѕвездите, охридскиот рокер Александар Јосифовски ја бележи својата нагорна линија во музичката кариера.


На неодамнешната турнеја низ Америка Алеканда беше рамо до рамо со познатата Балканска ѕвезда и пошироко, Лепа Брена , каде настапуваа заедно а Брена беше голема поддршка и ветар во грб на нашиот Александар, кој полека но сигурно постанува голем миленик на тамошната публика.

Во интервјуто кое го даде ексклузивно за Охрид1, Александар отркива каква е всишност Лепа Брена, колку таа е и голем другар покрај нејзината мега популарност. Открива и за големата поддршка која ја добива од сопругата и неговата мајка, Елизабета, промоцијата на новиот видео запис за новата негова песна, како и следните планови кои ги има во најва.

Охрид1: Како Александар ја доживува својата нова слава? Знаеме како беше патот низ натпреварувањата во Гранд а сега веќе си рамо до рамо со балканската ѕвезда Лепа Брена. Колку сето тоа е предизвик за тебе и како се носиш со една ваква мега зведа?

Александар: Секако дека е восхитувачки и огромно признание за мене но и голема обврска и постојано стремење кон подобро. Инаку Брена не само што е голема ѕвезда, туку е и голем човек пред се’. Така да тоа ни го олеснува работењето со нејзе, може и многу да се научи од неа. Ми претставува задоволство да соработувам со Брена и целиот тим.

Охрид1: Неодамна излезе твојот нов спот „Отопи ме“ колку си задоволен од овој видео запис, кои се твоите очекувања?

Александар: Песната ми беше понудена неодамна додека сум на турнеите низ САД од страна на мојот пријател и соработник композиторот Горан Шарац, чија песна пеев заедно со Белма Хусеинефендиќ на Охрид Фест и веднаш ми влезе во срцето. Решив веднаш да влезам во студио и да ја снимам. Задоволен сум како е направена песната и навистина очекувам да биде многу слушана и да остане со нас долги години. Спотот го работеше Валон Дервиши во Њујорк. Имам прекрасни впечатоци од самото снимање во центарот на светот.

Охрид1: Колку постојаните ангажмани и патувања те „поместуваат“ од нормалниот баланс во животот? Како сето тоа е прифатено од твојата сопруга, дали имаш поддршка од неа?

Александар: Музиката е мојот живот и мислам дека токму сега балансот е онаков каков што треба да биде. Го живеам она за кое мечтаев. Сопругата ми е голема поддршка и ми дава сила да се носам со заморот и тешкотиите кои што се составен дел на оваа работа.

Охрид1: Мама Бети е постојано ветар во твојот грб, како таа го доживува синот при секој твој настап?