среда, ноември 27, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

„СДСМ Охрид“ побара да се гради дом за стари, а истиот ќе се отвори во мај

Советниците од опозиционата СДСМ на денешната седница на Советот на општина Охрид побараа локалната да превземе активности за да се овозможи изградба на „Дом за стари лица“ во Охрид. Ваквото барање предизвика чудење кај присутните и потсмев кај владејачкото мнозинство бидејќи ваков објект во Охрид веќе се гради и негово ставање во функција се очекува да биде во мај 2023.

Домот за стари лица е видлив и од сателит и е скоро целосно изграден и во моментов се работи на ентериерите во просториите.
Домот за стари лица е видлив и од сателит и е скоро целосно изграден и во моментов се работи на ентериерите во просториите. Објектот со градба започна во 2016 година кога со Охрид владееше партијата ВМРО ДПМНЕ, а продолжи да се гради во време на мандатот на СДСМ од 2017 до 2021 година. Како актуелните советници од СДСМ не знаеле дека домот е скоро готов ?

Одговор до опозицијата даде претставник на локалната админситрација кој појасна дека домот е во градба, се приведува при крај и според очекувањата истиот ќе биде отворен во мај 2023 година.

Нејасно е како оваа постава на СДСМ Охрид не знаела дека во градот од 2016 година се гради овој објект, кој е лоциран на самиот брег на езерото, помеѓу Дањан и т,н. одморалиште за лица со оштетен слух. Објектот е со поголем габарит и е видлив од сите страни, а за него само во медиумите според „Гугл“ на Македонски јазик се објавени над 1000 информации на стотици портали.