По трет пат е искршен бугарскиот клуб во Охрид. Вечерва оштетена е поставената табла на клубот и нападнати се просториите на клубот.
Полицијата врши увид на местото.
На 23.11.2022 година во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид..Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од СВР Охрид.
View this post on Instagram
Ohrid1