вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес во канцелариите на „Охридски Комуналец“ посета од страна на лица од SALAR International заедно со Pelle Hellber од Шведска

Бојана Станојевска Пецуровска и Емил Ангелов од SALAR International заедно со Pelle Hellber од Шведска денес во канцелариите на Охридски Комуналец направија посета во рамките на проектот Одржливо управување со отпад на локално ниво.
📍Целта на посетата беше да се поразговара за можната соработка и да се утврдат следните активности со цел вклучување на нашето претпријатие во активностите на проектот.
📍Целта на проектот е да се подобри управувањето со отпад на локално ниво.
👉Проектот е финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој -СИДА, а се спроведува од САЛАР интернационал, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“