АктуелноОхрид

ЕНЕРГЕТСКО РОПСТВО – трговците планираат да работат во една смена

Охридските трговци почнуваат да разговараат меѓу себе околу можноста да почнат да работат во една смена бидејќи сметките за струја кои ги добија во август ( кога не грееја) сериозно го доведуваат во прашање работењето на фирмите кои по се изгледа се ставени во енергетско ропство од страна на компаниите кои тргуваат со струја и имаат силни конекции во власта.

Исклучени фрижидери во кои не се ладат пијалоци, прекинати нарачки за месо и месни производи кои се чуваат во фрижидери и намалување на асортиманот кој мора да стои во фрижидер на минимум – е сликата која се гледа деновиве во охридските супер маркети.

Тргоците велат дека не е можно повеќе да се има целиот асортиман на прозиводи како до сега, бидејќи сметките за струја ја „голтаат“ целата заработка и станува незвозможно да се работи.

извор: Охрид 1