АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

МНР апелира на достоинствено однесување по најавите за отворање ново здружение во Охрид

По повод денешното најавено отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување протест против него, Министерството за надворешни работи упати апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став. Министерството ги замолува сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите.

 

 

Радио Слободна Европа