АктуелноОхрид

(ФОТО) Гимназијата и Универзитетот за информатички науки и технологии потпишаа Меморандум за заемна соработка

По покана на  Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Aпостол Павле“ , во просториите на Универзитетот директорката при ОСУ„Св Климент Охридски“ , Светлана Велкоска и Проректорот за настава  проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска ,со овластување од Ректорот, проф.д-р Иван Бимбиловски, потпишаа Меморандум за заемна соработка .

Со овој Меморандум за соработка се уредува начинот на соработката, координацијата и водењето на заеднички договорени активности меѓу овие две образовни установи на повеќе полиња како што се: реализација на едукативна, научна, апликативна соработка како и соработка со користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии, реализација на  заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер, имплементација на најразлични облици на научно-истражувачка, информатичка и техничка помош.

Исто така ,учениците од Гимназијата, ќе можат да се вклучуваат во специјализирани предавања на факултетите на Универзитетот кои ќе бидат реализирани од наставниот кадар на Универзитетот.

извор: Gimnazijaohrid.edu.mk