АктуелноОхрид

Казни за 2 пешаци од Охрид и 9 од Струга поради небезбедно минување на коловоз

На 28-ми септември 2022 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 15 пешаци кои преминале коловоз на необележано и небезбедно место (Охрид 2, Струга 9 и Кичево 4).

– Во Охрид, санкционирани се 7 возачи на моторни возила кои не пропуштиле пешаци на обележан пешачки премин, информираат од МВР.

извор: МВР

Фото: Архива