АктуелноОхрид

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид пуштен во употреба најсовремен ангиограф

Во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, денеска беше инсталиран и пуштен во употреба нов и најсовремен ангиограф.

– Со овој ангиограф се унапредува квалитетот на здравствените услуги на одделот за интервентна кардиологија и за таа цел обезбедени се средства од Министерството за здравство во износ од 30 милиони денари, кажа министерот за здравство во Владата на Република Македонија Беким Сали при денешната посета на оваа установа.

Посетата на оваа болница е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето, кој годинава се одбележува под мотото „Користи го своето срце за сите други срца“, потенцирајќи ја важноста од редовни прегледи со цел превенција и навремено откривање на кардиоваскуларните заболувања.

извор: ОхридПрес
фото: Министерство за здравство