понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

ЈП ВОДОВОД за пократко време од најавеното, завршија со првиот дел од санацијата на големиот дефект на улицата “Асном”

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид како дел од првата фаза и за пократко време од најавеното, завршија со првиот дел од санацијата на големиот дефект на улицата “Асном”, со што беше поставен дел од новиот цевковод со профил ф 350 мм во должина од 25 метри и шибер со профил ф 350мм.
Градежните активности ќе продолжат и во наредните неколку дена до целосно завршување со санацијата.

извор: ЈП Водовод