АктуелноОхрид

21. Годишна берзанска конференција во Охрид

Во Охрид денеска ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција на која се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва.

Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори.

Поради пандемијата со Ковид -19 претходните две години оваа традиција беше привремено прекината.

На 21. Годишна конференција ќе има два централни панела и повеќе презентации. Покрај воведните обраќања на министерот за финансии Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, фокусот ќе биде ставен на геополитиката, енергетиката, банките и новите проекти на Берзата.

Претставници на четирите најголеми македонски банки ќе дискутираат за најновите случувања во секторот на првиот панел, насловен „Банките во новата реалност, а вториот панел ќе биде посветен на енергетиката „Ќе има ли долга и студена зима?”.

На настанот обезбедено е учество на водечки консултанти од В. Британија и од Холандија како креатори на двата стратешки документи на Берзата, Кодекс за корпоративно управување и Водичот за ESG известување на котираните компании.

 

inovativnost.mk