НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, уметникот, хуманитарен и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин заедно со ученици и наставници од ООУ „Братство – Единство“ организираат „Цветна штафета на мирот“.
Идејата за организирање на „Цветната штафета“ е токму на Живко Поповски – Цветин кој речиси целокупното свое творештво изминатите три и пол децении го има посветено на цвеќето и на сопствената мисија со основната порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…
На настанот во Библиотеката учениците читаа сопствени творби или песни од други автори посветени на мирот а заеднички ја прочитаа пораката за мир на македонски, албански и турски јазик и симболично ги пуштија балони со надеж дека на свој начин ќе придонесат за мир во светот.