вторник, ноември 26, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО и ФОТО) 40 години ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”

Прес конференција на директорката на  ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”,  Елена Ковачевска Башуроска.

Специјализираната болница „Свети Стефан“ во Охрид е формиран во 1982 година, прераснувајќи во респектибилен регионален кардиолошки центар каде се лекуваат и рехабилитираат пациенти од Македонија и соседните држави. Од 2006 година тука се вршат интервенции од областа на интензивната кардиологија. Установата може да се пофали со импозантни бројки, со спроведени над 400 илјади дијагностички процедури, повеќе од 180 илјади амбулантски третирани пациенти и над 60 илјади болнички третирани пациенти.

Главна активност на Институтот е третман и рехабилитација од коронарните заболувања, вклучувајќи: рехабилитација на пациентите со акутен миокардитис како и на пациентите после извршен бај-пас оперативен зафат(оперативна реваскуларизација), рехабилитација после извршен третман со раширување со балон (PTCA), третман на пациентите на кои им е имплантиран пејсмејкер, постоперативен третман на пациентите со здобиени или вродени коронарни заболувања, третман на лицата кои страдаат од хипертензија и периферни циркулациони заболувања како и третман на други типови заболувања на пациенти врз кои не е извршен оперативен зафат со здобиени или вродени коронарни заболувања.

Болницата исто така нуди услуги од типот на амбуланта како и поликлинички испитувања на неинвaзивната кардиологија и има единица за интензивна коронарна грижа (ICU) која е опремена со систем за континуирано набљудување на пациентите.

видео: Охрид 1