По нестабилното време кое го зафати охридскиот регион во попладневните часови, проследено со поројни дождови и силен ветер, дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен.
Се интервенираше на критичните места каде од обилните врнежи се наталожија наноси од песок, земја и др., а посебен акцент се стави на охридската чаршија, градското шеталиште, како и во стариот дел од градот, информираат од ЈП Охридски Комуналец.