АктуелноОхрид

Божиновски: На лагите на СДС им се кратки нозете, напишано-излажано!

СДСМ Охрид Дрско лажете потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните, наместо да се извините за криминалното владеење.
🗣Со факти ги разобличувам лагите, а ако имате храброст повелете јавно демантирајте!
✅Да, со ребалансот на буџетот се обезбедуваат 1.200.000 денари за поддршка во организација на Фестивалот на виното и музиката во месец септември, додека вие згаснувавте настани ние создаваме со единствена цел промоција на туризмот и угостителството во Охрид и продолжување на туристичката сезона,
но ИМА СРЕДСТВА:
✅2.000.000 денари за партерно уредување на плоштадот Крушевска Република.
✅300.000 денари за изработка на изведбен проект за уредување на парк кај споменикот на А. Ден Долард.
✅Во текот на 2022 г. изработка на техничка документација за отпочнување на постапка за покривање на 1 игралиште за тенис со ПВЦ покрив на ЈП „Билјанини извори“ во Реализација со развојна програма 2023-24 год.
⁉️Со кое лице пишувате за културните објекти кога за нив претходно потрошивте 4 општински буџети, а охриѓани за жал не ја видоа ниту реконструкцијата на Домот на култура во с. Горно Лакочереј, ниту на Домот на култура во населба „Радојца Новичиќ” и имавте 4 години да ги решите нерасчистените имотно правни односи за објектот и земјиштето⁉️
❌Со СДС немаше пари за проекти и за граѓаните, но во најголема здравствена и економска криза имаше пари за привремени вработувања, зголемени расходи за репрезентација, за трансфери со цел предизборен поткуп кој сега го плаќаат граѓаните.
❌Факт е дека СДС не реализира ниту една капитална инвестиција во Охрид и затоа добивте казна од охриѓани!
✅Промените во Охрид се случуваат и тоа охриѓани го гледаат!

-пишува во својата ФБ објава советникот од ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиновски.