АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Прослава на верскиот празник Св.Петка во Враништа

По повод престојниот верски празник Света Петка кој се одбележува на  8ми август, најавена е прослава кај истоимената црква во село Враништа .

Имено како што соопшуваат од организациониот одбор, прослава ќе се одржи на 7-ми август со почеток од 21 часот, на игралиштето во непосредна близина на црквата Св.Петка.

На манифестацијата учество ќе земат групата „Стил бенд“ и познатиот пејач Ефто Пупиноски.

Во поглед на верските одбележувања на празникот, најавени се и свеи литургии кои ќе се одржат во истоимената црква од страна на надлежната парохија.