АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Заврши реконструкцијата на градскиот базен ,,Атина Бојаџи”, за кој се чекаше 10 години за санација

 Санирани и исфарбани се коритата на олимпискиот и детскиот базен. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање.
За кратко време се планира отворање на базенот и отпочнување со работа.
Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади.
Ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови.
За првпат по 20 години Охрид ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање на кое покровител е Општина Охрид.
Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство на кое ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултати кои во иднина ќе може да ги користат за добивање стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства.
Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Меѓународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“.
Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот.
-пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Пецаков.