АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Промоција на пловилото на соларен погон изработено од ученици и професори од ОЕМУЦ Св.Наум Охридски

Автомобилската индустрија полека но сигурно се префрла на хибридни или целосно електрични мотори. Со овој проект за изработка на пловило на соларен погон кој е финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој е во рамките на натпреварот „Предизвик за млади истражувачи 4“ докажуваме дека веќе се создадени услови и пловилата да имаат погон на електрични мотори. Се надеваме дека се ближи денот кога нема да бидеме немилосрдни кон она што го создавала природата милиони години и ни го дала бесплатно на користење и уживање. Ние заедно со едриличарите би сакале да бидеме пионери во употребата на пловила и да уживаме во истите, без притоа да имаме емисија на CO2, испуштање на моторно масло и бензин во водата и да не додаваме децибели на бучавата која го вознемирува живиот свет во водата и уживателите на природата.

Тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ составен од менторите : проф. Ангелоски Сашо и проф. Виолета Никовска и учениците: Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илиоски, Даниел Котоски, Јован Матлиојоски и Христијан Груевски изработија пловило на соларен погон. Нашиот тим од професори и ученици со овој проект ја освоија првата награда на државниот натпревар „Предизвик за млади истражувачи 4“ со што добија парични средства од Фондот за иновации и технолошки развој и успешно го реализираа. Истражувањето и анализите во проектот се потврдија и се докажаа преку реализацијата на истиот односно, се конструира пловен објект кој целосно е на сончева енергија. Без емисија на штетни гасови, без користење на скапи фосилни горива, без создавање на бучава, неограничено и бесплатно, со целосна автономија, пловилото нуди уживање преку цел ден. Во недостиг на доволна сончева светлина, пловилото ја користи енергијата складирана во батериски ќелии.

Се надеваме дека овој проект ќе претставува импулс за развој и употреба на ваков тип на пловила на Охридското Езеро и на сите водени површини во државата. Покрај еколошкиот аспект од користењето на вакви пловила, значаен е и за туристичкиот сектор т.е. има можност да привлече туристи кои бегајќи од урбаните и бучни средини (обично и загадени), ќе уживаат во природните убавини на нашиот Национален парк Галичица и Охридското Езеро како дел од него, истакнуваат од тимот.

Овој прототип, нормално може да се усовршува и со индустриско производство, целосно да ги истисне бензиските мотори на пловилата.

 

ОЕМУЦ Св.Наум Охридски