недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Претседателот Пендаровски официјално поканет од директорката Поповиќ на свеченото отворање на 62-то издание на Охридско лето

Директорката на НУ „Охридско лето“, Проф. Наташа Поповиќ официјално го покани Генералниот покровител на фестивалот „Охридско лето“, Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, на свеченото отворање на 62-то фестивалско издание.
„Охридско лето“ на 12 јули годинава на Античкиот театар ќе биде отворено со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари и придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.
НУ Охридско лето