АктуелноОхрид

Вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад на поширокото подрачје на општина Охрид

И покрај редовните акции кои ги реализираме согласно календарот за подигнување кабаст и зелен отпад, секојдневно се соочуваме со несоодветно депонирање на отпад, нарушување на јавните простори и загадување на животната средина
📍 Само во текот на вчерашниот ден подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад од различни локации од поширокото подрачје на општина Охрид
❗ Повторно упатуваме апел до граѓаните да се придржуваат до календарот за 2026 год. или да не’ контактираат на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944
🤝 Сите заедно да придонесеме во континуираните активности за унапредување на јавната хигиена и чиста и уредена животна средина