АктуелноИНТЕРВЈУНаш изборНаш ИзборОхрид

Најдески: Наша водилка е мотото “Народот не може толку да извалка, колку што ние можиме да исчистиме”

ЈП Охридски Комуналец работи неуморно. Дење градот се разубавува, а додека сите спијат се чисти. Мотото е дека Охрид заслужува и мора да биде чист.

Првиот човек на ЈП Сашо Најдески постојано на терен со вработените, но и 24 часа достапен за медиумите. Денеска за Охрид 1 отворено зборува за тоа што наследи во ЈП, но и за плановите кои ги има за развој на ЈП.

Охрид1: Директоре постојано сте на терен. Туристи веќе има, а вие покажувате дека со макортпна работа се постигнува се. Како се работи се постигнува ли? Имате ли план за дополнителни екипи кои ќе работат во екот на туристичката сезона, затоа што сепак покрај вашата работа, туристите ја добиваат првата слика за туристички Охрид?

Сашо Најдески: Факт е дека Охрид како културен и туристички центар заслужува да биде чист и зелен град. Во таа насока уште од самото именување од страна на градоначалникот Кирил Пецаков за В.д. Директор си зедов за обврска да ја оправдам довербата која ми е дадена.
Од моја страна пред се како граѓанин на Охрид беа увидени пропустите и аномалиите во одржување на јавната чистота во градот, па сега сум во можност од оваа позиција да ги отстранам тие аномалии во функционирањето на ЈП. Од самото именување превземени беа активности за реорганизирање во функционирањето а со цел подобро справување со секојдневните задачи односно собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад. Потоа следеа зимските активности за чистење на снегот од улиците, тротоарите и други јавно површини, снег кој оваа година зачести во Охрид и околината, па во контекс на тоа можам да кажам дека успешно се справивме на терен, а тоа го увидоа и граѓаните од кои бевме јавно пофалени, а пофалби добивме за тоа и од опозицијата во советот на општина Охрид.

Факт е дека не можеме да исчистиме толку колку што народот може да извалка но ние се водиме од мотото дека “Народот не може толку да извалка, колку што ние можиме да исчистиме”
Целта на ЈП е градот и приградските населби во текот на целата година да бидат чисти, па од тие причини имаме ангажирано сезонски работници односно работници за на терен во различни сектори, па во тој контекс можам да кажам дека во моментов сме екипирани за престојнава туристичка сезона.

Охрид1: Граѓаните се гласни и знаат да критикуваат за се и сешто. Ги прифаќате ли препораките, но и предлозите од граѓаните. Реални ли се барањата им излегувате ли во пресрет?

Сашо Најдески: Критиките од граѓаните се нашата водилка во функцинирањето. Од самиот почеток се водиме по принципот на транспаретност. Во функција се стави односно се активира Facebook профилот на ЈП на кој јавно ги објавуваме сите дневни и неделни активности на екипите на ЈП на терен со цела расположливата механизација, а истовремено ги прифаќаме сугестиите, критиките предлозите и барањата на граѓаните и тие се оние кои не водат во вистински правец на функционирање, впрочем ние постоиме да ми служиме на граѓаните на Охрид.
Тука сакам да напоменам дека ЈП заедно со Национален парк Галичица и повеќе еко здруженија и невладини организации за заштита на животната средина и природата склучивме Меморандум на соработка и истиот веќе почнавме да го спроведуваме на терен.

Охрид 1: Имате многу планови, но сепак живееме во крајно тешка економска ситуација. Како се снаоѓате, имате ли проблеми?

Сашо Најдески: ЈП го наследив со долг од над 60.000.000,00 денари, меѓутоа тоа не е реалниот долг од причина што сметководствено не се книжени задолженијата по судски пресуди, спогодби итн. Па претпоставка е дека долгот на ЈП е доста поголем. Согласно годишниот извештај на ЈП за 2021 година истото е во загуба од 4.500.000,00 денари. Во извештаите од третото тромесечие од 2021 година се утврди дека само за нафта и нафтени деривати во споредба за истиот период од 2020 година потрошени се повеќе за 50.000 евра. Поради таа причина од страна на Надзорниот одбор на ЈП не беа прифатени извештаите за работа на ЈП за третото тримесечие за 2021 година и годишниот извештај за 2021 година.
За првото тримесечие во 2022 година успеавме да ја намалиме потрошувачката на нафта во споредба за истиот период во износ од 5.500 литри, намалени се трошоците за резервни делови, зголемена е наплатата од физички и правни лица.
Отежнувачки дел за функционирањето на ЈП е:
-зголемувањето на трошоците за плата за вработените (тука може да кажам дека немаме помош од државата, односно субвенции од страна на државата). Имајќи предвид дека во јавното претпријатие околу 236 вработени земаат минимална плата, трошоците по основ на зголемување на минималната плата се околу 1.500.000,00 денари, во споредба со истиот период од претходната година.
-зголемувањето на цената на горивата за 40%-50%. Тука сакам да напоменам и покрај намалената потрошувачка на гориво во износ од околу 5.500 литри со зголемувањето на цената на горивата вредносно потрошувачката е нешто повеќе од претходната година.
– старата и дотраена механизација (возила, камиони, трактори и др.) Проблем во функионирањето исто така е и застарената механизација со која располага ЈП односно и самите граѓани го гледаат тоа, на терен се работи со камиони за собирање на смет од 1990 година, со камиони кои се цело време во дефект, со камиони кои се набавени во 2018 година и истите не се во возна состојба (за тоа и ќе има одговорност), па трошоците за поправки и резервни делови се многу високи односно сметководствените картици покажуваат дека во минатите 4 години само за резервни делови и гуми потрошени се над 500.000 евра.

Охрид 1: Што наследивте од претходниот директор?

Сашо Најдески: Како што претходно кажав, долг од над 60.000.000,00 денари, загуба на ЈП во 2021 година во износ од 4.500.000 денари, застарена механизација, за што согласно Закон за Јавните Претрпијатија известени се надлежните министерства, Државен завод за Ревизија, по што очекуваме да се направи целосна ревизија за функционирањето на ЈП за претходните години.

Охрид 1: Цените постојано растат. Бензините секојдневно со нова повисока цена. Цената на електричната енергија највисока до сега, а се најавува повторно ќе се зголеми. За граѓаните тешко, а за ЈП уште потешко. Како планирате да ја добиете оваа финансиска битка?

Сашо Најдески: Факт е дека се наоѓаме во глобална економска криза и ниедна држава, па и Република Македонија не остана имуна на тоа. Факт е дека кризата ги опфати сите сектори во државата па и Јавните претрпијатија. На последната седница на совет стана збор и за состојбата на ЈП и како да се изнајде решение истите да продолжат да функионираат во ек на економска криза. Од самата дебата се доби заклучок дека постои интерес од сите страни за изнаоѓање на решение, при што се дадоа предлози за формирање на координативно тело составено од членови на совет и директори на ЈП со цел наоѓање решение за излегување од оваа криза.

Охрид 1: Може ли да ни ги откриете плановите за следниов период?

Сашо Најдески: Ќе продолжиме да се водиме по мотото “Повеќе приходи, помалку расходи” ќе продолжиме да работиме домаќински и одговорно заради тоа што им го должиме на граѓаните на Охрид и затоа што Охрид го заслужува тоа. Исто така, ќе продолжиме да го зазеленуваме и разубавуваме нашиот град со украсни дрва, цвеќиња и градинарски реквизити.
Заедно со Општина Охрид работиме на долгорочни решенија за кревање на хигиената во градот на едно повисоко ниво. Потпишан е тристран договор со “Пакомак“ за обезбедување на садови за селекција на отпад. Се прават напори за возобновување на возниот парк со кој би можеле полесно и поекономично да ги извршуваме секојдневните работните задачи согласно Програмата на ЈП.

 

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1