АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Александра Џамтоска и Наум Бабачев ќе ги водат младинските категории на ГРК Охрид!

Александра Џамтоска – Сани ќе ги води пионерите на ГРК Охрид генерација 2008 и помали. Сани во својата кариера како играч е младински и сениорски репрезентативец на Македонија, има настапувано за Кале Кичево, Кабран, Скопје, Вардар и Кометал Ѓорче Петров. Како тренер води младински категории во школата РК САНИ 14 од 2013та година.
👉Наум Бабачев – Бабак ќе ги води кадетите и младинците на ГРК Охрид генерација 2006 и помали, односно генерација 2004 и помали. Бабак е член на Ракометниот клуб Охрид од самите почетоци на клубот како играч, а како тренер во младинските категории на клубот е од 2013та година, информираат од ГРК Охрид.