Доцна попладнево главниот храм Свети Никола во Враништа беше претесен а да ги собере сите верници кои го одбележуваат утрешниот празник посветен на Светиот маченик Талалеј кој е селска слава.
Токму по тој повод во изминатиов период се реализираше и познатиот турнир во фудбал во Враништа, а целосниот настан ќе биде заокружен утре со гостите и музичкиот настап на Татјана Стефаноска и групата Стил Бенд.