четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Охриѓанецот Боби Мојсовски потпиша долгогодишен договор со издавач од Холивуд за целокупниот бренд – “Mirror Forge”

Охриѓанецот Боби Мојсовски на социјалните мрежи сподели ГОЛЕМАТА ВЕСТ!

Потпишав Долгогодишен Договор со Инвеститор/Издавач од срцето на Холивуд за целокупниот мој бренд – “Mirror Forge”, вклучувајќи ја играта која ја изработувам, книга, физички производи од моите ликови, како и се друго што во иднина потенцијално би било поврзано со името – “Mirror Forge” 😇
Ова прекрасно партнерство е најголемото достигнување во мојата кариера и благодарение на неизмерната поддршка на издавачот, на целиот тим кој ќе работи со мене како девелопер и со мојот продукт – можам да кажам дека е буквално остварување на сонот и конечно комплетно посветување на работата која отсекогаш ја сакав.
За оваа најава за нашето партнерство изработивме едно кратко, забавно видео со атмосферата на видео играта каде во видеото овојпат, место Томас, ликот сум јас.

извор: ФБ Боби Мојсовски